септември 30, 2025

Поделени благодарници за учество во програмата ЦКА-ПХВ 2025

Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – јуни 2025 година се вклучи во националната програма Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности преку која младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваа мали проекти за придонес за добробит во заедницата. На национално ниво, оваа година 1041 младинци од 32 општински организации на Црвен крст ширум целата земја изработија вкупно 170 мали проекти преку кои им помогнале на 5186 лица.

Во знак на благодарност и оддавање на признание на младите херои, Црвениот крст на РСМ – ОО Карпош на 25 септември 2025 година ги подели благодарниците на:

  • 63 младинци,
  • 5 мини ментори,
  • 11 одговорни наставници,
  • 4 средни училишта,
  • 3 основни училишта и
  • 2 дисеминатори.

Дополнително беа уважени тројцата младинци со најголем број волонтерски часови, сите ученици од СУГС „Никола Карев“:

  • Јана Которчевиќ – 149 волонтерски часа,
  • Ангелина Пешева – 133 волонтерски часа и
  • Михаил Николовски – 121 волонтерски часа.

Во продолжение се резултатите од 9те проекти во ЦКРСМ-ОО Карпош:

  • вклучени 63 младинци во изработката на малите проекти
  • остварени 3273 волонтерски часови од страна на волонтерите
  • започнати и целосно завршени 9 мали проекти
  • со проектите е опфатена целна група од вкупно 717 лица
< врати се назад