јануари 23, 2024

Поделени новогодишни паектчиња за деца од рурални средини

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош на ден 29 декември 2023 година организираше и спроведе активност за доделување на новогодишни пакетчиња на дечињата од општина Сарај, корисници во детската градинка „Филизи“. Беа опфатени вкупно 180 деца на предучилишна возраст од двата објекти на градинката во населбата Сарај и село Кондово. Активноста беше спроведена со цел зајакнување на поддршката на децата од руралните средини и продлабочување на соработката со детската градинка „Филизи“. Во реализацијата на активноста беа вклучени еден вработен и еден волонтер од Црвен крст на РСМ – ОО Карпош.

 

< врати се назад