
јануари 23, 2024
Поделени новогодишни пакетчиња од првата дама на РСМ
На 28 декември 2023 година Првата дама на РСМ, д-р Елизабета Пендаровска организираше настан во фабриката АД „ЕВРОПА“ Скопје со цел доделување новогодишни пакетчиња на деца од семејства во социјален ризик.
На покана на Кабинетот на Првата дама, на настанот беа присутни десет деца од социјално-загрозени семејства од базата со корисници на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош.
Вработените во фабриката АД „ЕВРОПА“ топло и љубезно ги пречекаа дечињата и ги прошетаа низ погоните каде се подготвуваат бонбоните, чоколадите и вафлите, а на крајот од прошетката од страна на Дедо Мраз на сите деца им беа поделени новогодишни пакетчиња.




































