
декември 27, 2022
Поделени новогодишни пакетчиња во соработка со Христијански Центар 490
На покана на НВО „Христијански Центар 490“ – Скопје на ден 25 декември 2022 година беше организирано делење на новогодишни пакетчиња од Самаријанска торба – Германија на 39 деца и млади од целната група на проектот Хуманко на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош. Активноста беше организирана со пригодна новогодишна програма. На активноста беа присутни 39 деца и млади од целната група, 7 родители и 7 волонтери од Клубот на млади.




































