мај 12, 2023

Подготвени 160 оброци за бездомните лица на територија на градот Скопје

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош и оваа година активно се вклучи во одбележувањето на календарската активност – Неделата на солидарност преку реализирање на различни активности за поддршка на ранливи целни групи.

Волонтерите од Клубот на млади и Клубот на родители на Црвен крст на РСМ – ОО Карпош на 06 мај 2023 година спроведоа активност за подготовка и пакување на 160 готвени топли оброци кои беа поделени во соработка со НВО „Љубезност“ – Скопје на 160 граѓани – бездомни лица од територијата на градот Скопје.      

Во оваа хумана акција беа вклучени 13 волонтери од Клубот на млади и 13 волонтери од Клубот на родители кои остварија вкупно 105 волонтерски часа.

< врати се назад