декември 4, 2023

Подготвени 161 оброк за бездомните лица

Клубот на млади и Клубот на родители на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош преку заедничка иницијатива на ден 25 ноември 2023 година реализираа акција за подготовка и пакување на зготвени топли оброци.

Оброците беа поделени на 161 бездомно лице од градот Скопје во соработка со НВО „Љубезност“ Скопје, во рамки на неделното делење на оброци во центарот на Скопје во сабота во 12:00 часот. На делењето присуствуваа 5 волонтери од Клубот на млади.

Во оваа активност вкупно беа вклучени 18 волонтери кои остварија вкупно 92 волонтерски часови.

< врати се назад