
октомври 14, 2025
Подготвени 183 оброци за бездомни лица
По повод одбележување на 10 Октомври – Светски ден на бездомништвото, Црвен крст на РСМ-Општинска организаија Карпош во соработка со Здружението за граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“ спорведе акција за подготовка на готови оброци наменети за бездомните лица. Во акцијата беа вклучени волонтерите од Клубот на млади и Клубот на родители на Општинската организација Карпош и вработените од Основното училиште „Петар Поп Арсов“-Карпош 4.
Во рамки на неделното делење на оброци, на 11 октовмри 2025 година пред спомен куќата на Мајка Тереза-Скопје, оброците беа поделени на 183 бездемно лица.




































