септември 17, 2026

ПОКАНА ЗА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЗОО СКОПЈЕ

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош ги повикува сите хумани граѓани да учествуваат на претстојната крводарителска акција и со својот гест да помогнат во спасување на човечки животи!

  • Датум: 19.09.2026 година (сабота)
  • Време: 11:00 – 18:00 часот
  • Место: Зоолошка градина Скопје (Едукативен центар)

Важни информации за дарителите:

  • Крв може да дарува секое лице на возраст од 18 до 65 години со општо добра здравствена состојба;
  • Задолжително е носење на документ за лична идентификација;
  • Пред дарувањето, дарителите треба да имаат земено лесен оброк и да пијат вода;
  • Дарувањето е безбедно, брзо и хумано – одвојте малку време и бидете нечиј херој!

За тебе е само малку време, за некого е цел еден живот!

Дарувај крв, спаси живот! Ве очекуваме во ЗОО Скопје!

Контакт: Доколку имате дополнителни прашања, слободно пишете контактирајте не на телефонскиот број 071/482-154

< врати се назад