
Помош и поддршка на социјално-загрозени лица со половна облека, обувки и постелнина
Младите волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош континуирано реализираат различни активности за поддршка на ранливото население. На ден 08 февруари 2021 година во две смени со траење од 3 часа во просториите на ЦКРСМ-ОО Карпош се реализираше акција за селектирање и пакување на 250 килограми половна облека, обувки и постелнина, донирана во контејнерите за облека на ЦКРСМ- ОО Карпош.
На оваа активност учество имаа 10 волонтери од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош кои остварија 37 волонтерски часа. Волонтерите спакуваа вкупно 46 пакети со облека за 46 лица од социјално-загрозени семејства. За време на активностите целосно беа почитувани и применувани протоколите за превенција од коронавирусот КОВИД-19.
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош им упаќа голема благодарност на хуманите граѓани кои својата половна облека ја донираат во поставените контејнери пред објектот на ЦКРСМ-ОО Карпош и пред трговскиот центар Citi Moll.




































