август 6, 2020

Помош и поддршка на старите лица во домот „Mајка Тереза“ во Скопје

Во рамките на активностите за превенција и заштита од коронавирусот – Ковид 19, два  тима од по три волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Карпош во текот на месец јули 2020 година извршија четири  посети на домот за стари лица “Мајка Тереза” во Скопје и извршија набавка на храна, хигиена и лекови за 55 стари лица-корисниците на домот.

За време на посетата на домот и спроведување на сервисните услуги беа обезбедени и се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за комплетна заштита од коронавирусот, преку одржување на физичко растојание и задолжително носење лична заштита.

Целта на оваа активност е да им се овозможи поддршка на старите лица во обезбедувањето на основните потреби и воедно да превенира и намали ризикот од нивно инфицирање со вирусот Ковид-19.

< врати се назад