февруари 3, 2023

Посета на делегација од Телемарк – Норвешка

Во рамки на активностите за соработка преку програмата за збратимување на Црвен крст на град Скопје и Телемарк Црвен крст од Норвешка, на ден 24 јануари 2023 година за делегацијата од Телемарк Црвен крст беше организирана посета на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош. Беше спроведена двочасовна средба на која беше прикажана личната карта на ОО Карпош и беа презентирани активностите реализирани преку проектите „Хуманко“ и „Работна секција – Хуманко“. По презентацијата имаше куса дискусија во насока на размена на искуства од реализирани активности за поддршка на лица со попреченост и во двете организации. На средбата со делегацијата беа присутни волонтери од Клубот на млади, вработени од стручната служба и претседателот на ОО Карпош. На крајот од средбата, Претседателката г-ѓа Билјана Костова на членовите од делегацијата им подели симболични подароци- рачни изработки изработени од целната група на проектот Хуманко.

 

< врати се назад