декември 10, 2023

Посета на Дом за стари лица

По повод одбележување на Неделата за грижа на старите лица, волонтери од Клубот на млади на Црвениот крст на Република Севрна Македонија-Општинска организација Карпош на 2 декември 2023 година го посетија и поделија скромни подароци за корисниците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани.

Оваа посета истовремено претставуваше и можност дел од слободното време овие лица да го поминат во дружење, организирање и вклучување во друштвени игри и споделување на дел од сопствените животните искуства.

< врати се назад