
Посета на „Хуманата зона“ по повод одбележување на јубилеј – 80г од формирањето на Црвен крст на град Скопје
На 13 септември 2025г, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош присуствуваше на одбележувањето на јубилејот – 80 години од формирањето на Црвениот крст на град Скопје. Во Градскиот парк, кај фонтаната Лотос беше поставена „Хумана зона“ со 7 промотивни куќички и целодневна програма за сите возрасти.
Црвениот крст на РСМ – ОО Карпош се вклучи како поддршка со волонтери на настанот, а организираше и групни посети на настанот за волонтери и ученици со цел промоција на работата на Црвениот крст до младите.
Во текот на денот свои посети имаа 90 ученици од СУГС „Орце Николов“, СУГС „Никола Карев“, ПСУ „IPS Macedonia“, ООУ „Владо Тасевски“, ООУ „Војдан Чернодрински“, ООУ „Димо Хаџи Димов“ и ООУ „Вера Циривири Трена“.
Двочасовна посета на настанот беше организирана за 44 деца и млади од целната група на проектот Хуманко и волонтери од Клубот на млади, а во вечерните часови за 16 волонтери од Клубот на родители.
Црвениот крст Карпош изразува благодарност за реализираните посети и учество на настанот. Честитки до Црвениот крст на град Скопје за 80 – годишниот јубилеј.












































