
Потпишан Договор за соработка со Општина Ѓорче Петров
На ден 28 Јануари 2021 година, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација-Карпош потпиша Договор за соработка со Општина Ѓорче Петров-Скопје. Целта на овој договор е да се обезбеди координација во делувањето за реализација на програми и проекти од надлежност и интерес на двете страни од обалста на здравствено-превентивната дејност, првата помош, социјално-хуманитарна дејност, крводарителство, дисеминација, делување во случај на катастрофи и природни непогоди и едукација, обука, организирање и интегрирање на младите во работата на Црвен крст.
Се обврзуваме на хумана мисија, меѓусебна поддршка и соработка во интерес на граѓаните, а за да ги оствариме претстојните задачи и цели ќе работиме на зајакнување и мобилизирање на членството и вклучување на волонтерите во организацијата на Црвениот крст истакнаа при денешното потпишување градоначалникот Александар Наумоски.



































