
Потпишан Договор за соработка со Општина Сарај
На 13 Април 2022 година, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација-Карпош потпиша Договор за соработка со Општина Сарај-Скопје. Целта на овој договор е да се обезбеди координација во делувањето за реализација на програми, проекти и активности од надлежност и интерес на двете страни од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарна дејност, крводарителство, дисеминација, делување во случај на катастрофи и организирање, едукација, обука и интегрирање на младите во работата на Црвен крст. Се обврзуваме на хумана мисија, меѓусебна поддршка и соработка во интерес на граѓаните, а ќе работиме на мобилизирање и вклучување на членови и волонтери во организацијата на Црвен крст, истакнаа при денешното потпишување градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети.



































