април 6, 2021
Предавања за мотивација на млади крводарители
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во месец април 2021 година интензивно ќе се посвети на едукација и мотивација на учениците од завршните години во средните училишта да стекнат основни информации за крводарителството и да станат потенцијални крводарители.
На ден 05 април 2021 година беа организирани и спроведени 2 врснички едукации за 70 ученици од четврта година од СУГС „Орце Николов“. Предавањата ги спроведоа двајца обучени мотиватори за млади крводарители – волонтери од Клубот на млади. Согласно ситуацијата со Ковид 19, едукациите беа спроведени преку онлајн платформа.



































