
април 13, 2021
Предавања за мотивација на млади крводарители
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во месец април 2021 година интензивно ќе се посвети на едукација и мотивација на учениците од завршните години во средните училишта да стекнат основни информации за крводарителството и да станат потенцијални крводарители.
На ден 06, 07 и 08 април 2021 година беа организирани и спроведени 3 врснички едукации на македонски и една едукација на албански јазик за 138 ученици од четврта година од СУГС „Здравко Цветковски“. Предавањата ги спроведоа двајца обучени мотиватори за млади крводарители – волонтери од Клубот на млади. Согласно ситуацијата со Ковид 19, едукациите беа спроведени преку онлајн платформа.





































