април 21, 2021

Предавања за мотивација на млади крводарители

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во месец април 2021 година се посвети на едукација и мотивација на учениците од завршните години во средните училишта да стекнат основни информации за крводарителството и да станат потенцијални крводарители.

На ден 08 и 09 април 2021 година беа организирани и спроведени 2 врснички едукации за 25 ученици од четврта година од СУГС „Лазар Танев“. Предавањата ги спроведоа двајца обучени мотиватори за млади крводарители – волонтери од Клубот на млади. Согласно ситуацијата со Ковид 19, едукациите беа спроведени преку онлајн платформа.

< врати се назад