април 26, 2021
Предавања за мотивација на млади крводарители
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во месец април 2021 година се посвети на едукација и мотивација на учениците од завршните години во средните училишта да стекнат основни информации за крводарителството и да станат потенцијални крводарители.
На ден 19 и 20 април 2021 година беа организирани и спроведени 3 врснички едукации за 87 ученици од четврта година од СУГС „Никола Карев“.
Предавањата ги спроведоа двајца обучени мотиватори за млади крводарители – волонтери од Клубот на млади.
Согласно ситуацијата со Ковид 19, едукациите беа спроведени преку онлајн платформа.







































