
јули 27, 2023
Превенција од топлотни бранови
Со цел превенција и заштита на здравјето на граѓаните од високи температури во летниот период, мобилни тимови составени од волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош од 18 до 25 Јули 2023 година во периодот од 11:00 до 14:00 часот патролираа на фреквентни места – автобуски станици, поликлиники, пазари и на 768 минувачи поделија шишиња со вода и споделија информации со препораки за заштита и постапување при високи температури.




































