
март 23, 2022
Превентивни едукации за борба против малигни заболувања
Во рамките на здравствено превентивната дејност, Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во периодот од 1-ви до 8-ми март 2022 година со свои активности ја одбележаа Неделата на борба против ракот под мотото ,,Заедно во борба против ракот”.
Со цел подигање на јавната свест за важноста од превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања, Општинската организација Карпош на 3-ти и 7-ми март 2022 година реализираше три превентивни едукации со кои беа опфатени 67 слушатели.
Една онлајн едукација се одржа за 19 млади и 14 возрасни лица, а две едукации со физичко присуство во среднто училиште,,Никола Карев” со кои беа опфатени 37 ученици од I-IV година.




































