
Признание и благодарници за постигнати резултати во крводарителството и јубилејни крводарувања
По повод одбележување на 17 март – Денот на крводарителството во РСМ, на 20 март 2024 година во просториите на локалната самоуправа Карпош, Црвениот Крст на РСМ-Општинска организација Карпош ги додели јубилејните благодарници и плакети за крводарување на г-дин Зоран Велковски и г-дин Марјанчо Петковски за 50 пати дарувана крв и г-дин Ванчо Велјановски за 75 пати дарувана крв.
Благодарница доби и Душица Павловска, волонтер од Црвениот крст како млада крводарителка која го остварила првиот мал јубилеј од 5 крводарувања.
За истакнати резултати во крводарителството во 2023 година беше доделено Признание на Средното училиште „Никола Карев“ – Скопје и приватната компанија ТАСКФОРЦЕ ДОО.
На средбата присуствуваа градоначалникот на општина Карпош, Маре Кочоска – секретар на ЦКРСМ-ОО Карпош, Билјана Костова – претседател на ЦКРСМ-ОО Карпош, Саит Саити – Генерален секретар на ЦКРСМ, Јане Неделковски – стручен соработник во ЦКРСМ-ОО Карпош, јубилејните крводарители, претставник од СУГС „Никола Карев“ и претставник од комапнијата ТАСК ФОРЦЕ ДОО.




































