април 12, 2023

Пробни врснички едукации

Во периодот од  23 Март до 1 Април во Црвен крст на РСМ-Општинска организацја се спроведоа четири врснички едукации наменети за членовите и волонтерите од Клубот на млади.  Едукациите  ги реализираа 4 ново обучени врснички едукатори од Клубот на млади на теми: „Екологија и еколошко однесување“, „Пристап кон лицата со попреченост“, „Превенција од сексуално преносливи инфекции,, и  „Превенција од трговија со луѓе“. На едукациите кои беа организирани комбинирано – онлајн и физичко присуство беа остварени вкупно 76 присуства од страна на членовите и волонтерите на Клубот.

< врати се назад