
септември 26, 2023
Продолжува кампањата за прва помош
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во текот на месец септември 2023 година започна со продолжување на кампањата за ширење на знаењата и вештините од областа на првата помош помеѓу младата популација. Тројца обучени волонтери – млади демонстратори по прва помош од Клубот на млади спроведоа 4 едукативни предавања за 90 лица, ученици од прва и втора година од средното училиште СУГС „Сарај“ – Скопје. Едукациите поминаа во интерактивна атмосфера со вежби, прашања и куса дискусија.




































