
ПРОЕКТ ХУМАНКО ЈА ПОСЕТИ ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ
Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош преку проектот ,,Хуманко’’ организираше посета на ЗОО Скопје со цел социјализација на целната група.
Посетата се реализираше на ден 6 април 2024 година и на истата учествуваа вкупно 30 лица, 23 учесници од целната група, 6 волонтери и 1 родител на целната група.
На оваа рекреативна прошетка учесниците имаа можност преку дружење меѓусебно да се запознаат, да научат нешто ново за животните во ЗОО Скопје и да се возат со ЗОО вовче.
За дел од учесниците ова беше прва можност да се поврзат со ЗОО вовчето, а возбудата и насмевките кои ги поседуваа учесниците откако се симнаа од вовчето се доказ дека оваа активност ќе има биде запаметена. Благодарност до ЗОО Скопје за поддршката во реализација на оваа активност.





































