октомври 25, 2021

Проектот ,,Хуманко’’ ги започна своите активности со посета на ЗОО Скопје

Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош преку својот проект ,,Хуманко’’ организираше посета на ЗОО Скопје со цел социјализација на целната група.

Прошетката, која беше прва активност преку проектот ,,Хуманко’’ за циклус 2021/2022 година, се реализираше на ден 23 октомври 2021 година и на истата учествуваа 18 учесници од целната група, 10 волонтери и 2 родители на целната група.

На оваа рекреативна прошетка учесниците имаа можност преку дружење да се се запознаат и да научат нешто ново за животните во ЗОО Скопје. За дел од учесниците ова беше прва посета на Зоолошката градина – Скопје.

Благодарност до ЗОО Скопје за поддршката во реализација на оваа активност.

Активностите се реализираа во согласност со протоколите и мерките за заштита и превенција од КОВИД 19 преку делење на заштитни маски и честа дезинфекција на рацете.

< врати се назад