ноември 5, 2021

Проектот ,,Хуманко’’ на филмот ,,Тома’’ во Градско кино Милениум

Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош, како дел од активностите за социјализација, организираше посета на Градско кино Милениум за дел од целната група на проект ,,Хуманко’’.
 
Учесниците имаа можност да го гледаат филмот ,,Тома’’ и преку разните настани опишани во филмот, да се потсетат на песните и животот на пејачот Тома Здравковиќ.
 
На активноста, на ден 01 ноември 2021 година присуствуваа вкупно 17 учесници од целната група на проектот, волонтери од Клуб на млади и родители на целната група.
 
Благодарност до Градско Кино Милениум за поддршката во нашите активности!
< врати се назад