јули 21, 2022

Промоција на активностите на радио и телевизија

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во јуни и јули 2022 година реализираше 2 гостувања во медиуми каде имаше можност да ги промовира своите активности, како и хуманите вредности и волонтерството.
 
 
На 28 јуни 2022 година, еден волонтер од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош гостуваше на Македонско радио – Радио Скопје, каде имаше можност да сподели информации за активностите на Клубот на млади и проектот Хуманко.
 
На 16 јули 2022 година два волонтери од Клубот на млади на ЦКРСМ – ОО Карпош гостуваа на утринската програма на телевизија Сител каде споделија впечатоци од реализацијата на манифестацијата по повод затворањето на циклусот 2021/2022 на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади.
< врати се назад