октомври 6, 2025

Промоција на младите херои од ООУ „Бедри Таири“ и СУГС „Никола Карев“ – приказна 5

Црвен крст на РСМ-ОО Карпош во периодот јануари – јуни 2025 г. се вклучи во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која 1041 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработија 170 мали проекти за придонес за добробит во заедницата и им помогнале на 5186 лица.

По повод одбележувањето на Неделата на промоција на хумани вредности (21-28 септември) и Неделата на млади (01-07 октомври), се потсетуваме на резултатите на 9-те групи младинци од Црвен крст Карпош кои изработија мали проекти за придонес во заедницата.

Во продолжение следи приказната за хероите од ООУ „Бедри Таири“ и СУГС „Никола Карев“ кои изработија заеднички проект.

Учениците Фисник, Елира, Шабан, Албин, Елиф, Амар, Резарт, Руфије, Јана, Ангелина, Михаил, Павел и Јана со поддршка на г-дин Бејтула Идризи и професорката г-ѓа Билјана Костова изработија проект чија цел беше организирање и реализирање на крводарителска акција во село Долно Свиларе, општина Сарај.

  • вклучени 13 ученици од ООУ „Бедри Таири“ и СУГС „Никола Карев“
  • остварени 305.5 волонтерски часа
  • мобилизирани 25 потенцијални крводарители
  • реализирани 13 успешни крводарувања
  • анимирани над 200 лица од заедницата
  • интеркултурна димензија
  • мултиетничка димензија

Честитки драги луѓе!!!

< врати се назад