
Промоција на младите херои од ООУ „Бедри Таири“ – приказна 2
Црвен крст на РСМ-ОО Карпош во периодот јануари – јуни 2025 г. се вклучи во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која 1041 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработија 170 мали проекти за придонес за добробит во заедницата и им помогнале на 5186 лица.
По повод одбележувањето на Неделата на промоција на хумани вредности (21-28 септември) и Неделата на млади (01-07 октомври), се потсетуваме на резултатите на 9-те групи младинци од Црвен крст Карпош кои изработија мали проекти за придонес во заедницата.
Во продолжение следи приказната за хероите од ООУ „Бедри Таири“.
Учениците Мишерефе, Бусејра, Индрит, Суејла, Ниале, Матије, Илир и Диар со поддршка на педагогот г-дин Бејтула Идризи изработија проект чија цел беше организирање на заеднички вонучилишни спортски активности за ученици од различни етнички припадности.
- вклучени 8 ученици
- остварени 239.5 волонтерски часа
- хуманитарен спортски турнир во одбојка за учениците од ООУ „Бедри Таири“, с.Долно Свиларе и ООУ „Мирче Ацев“ – Ѓорче Петров.
- меѓусебно запознавање, спортување и дружење помеѓу 20 ученици од македонска и албанска етничка припадност
- обезбедена поддршка на 20 лица
- анимирани над 100 лица од заедницата
- интеркултурна димензија
- мултиетничка димензија
Честитки драги луѓе!!!



































