октомври 6, 2025

Промоција на младите херои од ООУ „Петар Поп Арсов“ – приказна 8

Црвен крст на РСМ-ОО Карпош во периодот јануари – јуни 2025 г. се вклучи во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која 1041 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработија 170 мали проекти за придонес за добробит во заедницата и им помогнале на 5186 лица.

По повод одбележувањето на Неделата на промоција на хумани вредности (21-28 септември) и Неделата на млади (01-07 октомври), се потсетуваме на резултатите на 9-те групи младинци од Црвен крст Карпош кои изработија мали проекти за придонес во заедницата.

Во продолжение следи приказната за хероите од ООУ „Петар Поп Арсов“.

Учениците Стефани, Никита, Ана, Хана, Матеа, Методија и Михаила со поддршка на  директорката Даниела Штерјова и професорките г-ѓа Олгица Бајалџиева и  г-ѓа Аница Оносимоска изработија проект чија цел беше обезбедување на маси и столици за 16 бунгалови кои се во дворот на Домот за стари лица „Мајка Тереза“ Злокуќани, општина Карпош, Скопје.

  • вклучени 7 ученици од ООУ „Петар Поп Арсов“
  • 2 месеци континуирана акција
  • остварени 499.5 волонтерски часа
  • 3 повеќедневни хуманитарни собирни активности
  • 1 собирна акција во Зоолошка градина – Скопје
  • собрани 35.223,00 денари
  • обезбедени 16 маси, 37 столчиња и 1 гарнитура за седење за Домот за стари лица „Мајка Тереза“
  • обезбедена поддршка за 63 лица
  • анимирани над 700 лица од заедницата
  • мултиетничка димензија
  • долготраен ефект

Честитки драги луѓе!!!

< врати се назад