октомври 6, 2025

Промоција на младите херои од ООУ „Вера Циривири Трена“ – приказна 6

Црвен крст на РСМ-ОО Карпош во периодот јануари – јуни 2025 г. се вклучи во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која 1041 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработија 170 мали проекти за придонес за добробит во заедницата и им помогнале на 5186 лица.

По повод одбележувањето на Неделата на промоција на хумани вредности (21-28 септември) и Неделата на млади (01-07 октомври), се потсетуваме на резултатите на 9-те групи младинци од Црвен крст Карпош кои изработија мали проекти за придонес во заедницата.

Во продолжение следи приказната за хероите од ООУ „Вера Циривири Трена“.

Учениците Анамарија, Мила, Тара, Стефанија, Калина и Петра со поддршка на  професорките г-ѓа Валентина Пешевска и  г-ѓа Лила Трпчевска изработија проект чија цел беше набавка на инхалатори за потребите на Институтот за белодробни заболувања кај децата- „Козле “  за непречено лекување на децата кои престојуваат во болницата.

  • вклучени 6 ученици од ООУ „Вера Циривири Трена“
  • остварени 234 волонтерски часа
  • реализирана собирна акција во Градски парк – Скопје
  • собрани 7.700,00 денари
  • обезбедени 4 инхалатори за Болница – Козле
  • обезбедена поддршка за 20 лица
  • анимирани над 150 лица од заедницата
  • мултиетничка димензија
  • долготраен ефект

Честитки драги луѓе!!!

< врати се назад