
Промоција на младите херои од СУГС „Никола Карев“ – приказна 9
Црвен крст на РСМ-ОО Карпош во периодот јануари – јуни 2025 г. се вклучи во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која 1041 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработија 170 мали проекти за придонес за добробит во заедницата и им помогнале на 5186 лица.
По повод одбележувањето на Неделата на промоција на хумани вредности (21-28 септември) и Неделата на млади (01-07 октомври), се потсетуваме на резултатите на 9-те групи младинци од Црвен крст Карпош кои изработија мали проекти за придонес во заедницата.
Во продолжение следи приказната за хероите од СУГС „Никола Карев“.
Учениците Јана, Ангелина, Михаил, Ема, Лука, Павел и Јана со поддршка на професорката г-ѓа Билјана Костова изработија проект чија цел беше обезбедување на електрични апарати за домаќинство.
- вклучени 7 младинци од СУГС „Никола Карев“
- 3 месеци континуирана акција
- остварени 683.5 волонтерски часа
- 9 повеќедневни хуманитарни собирни активности
- 1 хуманитарен турнир во фудбал со 15 екипи
- 1 хуманитарен базар со половна облека
- изработени и подарени 300 рачни изработки (мартинки, алки, честитки, боенки и магнети)
- собрани 80.890,00 денари
- купени 5 електрични апарати (машина за перење облека, шпорет, фрижидер, бојлер и респиратор)
- обезбедена поддршка за семејство со 3 лица
- анимирани околу 1100 лица од заедницата
- долготраен ефект
Честитки драги луѓе!!!



































