март 16, 2021

ПРОМОВИРАЊЕ НА ИСХРАНА ПО КРВНИ ГРУПИ

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош на ден 07 март 2021 година организираше он лине кино-проекција на филмот „Исхрана по крвни групи“ снимен од страна на Црвениот крст на РСМ во соработка со МРТВ каде главен говорник е проф. д-р Ванчо Поп Петровски.

Проекцијата беше организирана за родителите на целната група на проектот Хуманко и Клубот на млади, а свое присуство имаа и волонтери од Клубот на млади. Целта на проекцијата е да се поттикне практикувањето на соодветна исхрана според крвните групи на секоја индивидуа.

На проекцијата беа присутни 25 родители и млади волонтери и истата помина во позитивна атмосфера со покажан особен интерес од присутните и со желба за понатамошни активности од овој вид.

 

< врати се назад