
јули 1, 2025
Прошетка на кањон Матка за деца и млади
Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на ден 01 јуни 2025 година беше реализирана тричасовна активност – прошетка на кањон Матка – Скопје наменета за целната група на проектот – деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик и со типичен развој.
Оваа активност беше со цел разгледување и доживување на природните убавини и знаменитостите во кањонот Матка. На активноста беа присутни вкупно 31 лице од целната група и волонтери од Клубот на млади.





































