јуни 8, 2026

ПРВО МЕСТО на Регионалниот натпревар по прва помош 2026

На 17 мај 2026 година во дворот на ООУ „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром се одржа Регионалниот натпревар по прва помош за 2026 година, на кој учествуваа 15 екипи од 15 општински организации на Црвен крст. Домаќин на натпреварот беше ООЦК Кисела Вода.

Од Црвен крст на РСМ – ОО Карпош учесник беше екипата од СУГС „Орце Николов“ која го освои првото место на 45-от општински натпревар по прва помош. Екипата од ЦКРСМ-ОО Карпош го освои првото место и на регионалниот натпревар по прва помош, додека второто место го освои ООЦК Охрид, а третото место ООЦК Битола. Упатуваме искрени честитки до сите учесници на натпреварот.

< врати се назад