
јуни 15, 2022
Работилница на тема ,,Ненасилство’’ за волонтерите од Клубот на млади
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош организираше работилница на тема “Ненасилство” во соработка со Здружение за поддршка, интеграција и ресоцијализација ЛИНК ЦСИ ЛИНК-Скопје.
Работилницата се реализираше на ден 30 април 2022 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот и на истата присуствуваа 22 волонтери и членови на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош.
Целта на работилницата беше запознавање со облиците на насилство, градење здрави релации и превенција, преку која волонтерите на интерактивен начин се стекнаа со дополнителни знаења.
Работилницата беше реализирана од страна на Моника Чекаловиќ – социјална работничка и семејна и системска советничка и Николина Дојчиновска – психолог од ЦСИ ЛИНК.



































