март 23, 2022

Работилница на тема ,,Правата и улогите на жената низ историјата’’ и креирање на рачни изработки со деца и млади со попреченост

Клубот на млади на Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош организираше активности по повод одбележување на Меѓународниот ден на жената – 8 март за целната група на проект ,,Хуманко’’.

 

На 05 март 2022 година, учесниците од проектот ,,Хуманко’’ присуствуваа на работилница на која се дискутираше и преку личен пример се објаснуваше темата ,,Правата и улогите на жената низ историјата’’. По едукативната работилница учесниците се вклучија во процесот на креирање рачни изработки кои на Меѓународниот ден на жената ќе имаат можност да ги поделат на случајни минувачи – жени на територијата на ЦКРСМ-ОО Карпош. На активностите присуствуваа вкупно 21 учесник од целната група и волонтери од Клубот на млади.

Преку песна и игра, активностите имаа за цел поттикнување и изразување на креативноста кај целната група и волонтерите, едукација за значењето и улогата на жената во денешеното општество, обезбедување на стимулативна и позитивина средина и поттикнување на личниот развој на целната група.

За време на активностите беа почитувани протоколите и мерките за заштита и превенција од коронавирусот КОВИД 19.

 

< врати се назад