февруари 19, 2021

Работилница за менаџмент со волонтери

Во периодот од 13 до 14 февруари 2021 година во Општинската организација Карпош се одржа дводневна работилница за менаџмент со волонтери за членовите на Координативното тело и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ-Општинска организација Карпош.
 
На работилницата присуствуваа 10 волонтери од Клубот на млади, од нив 6 со физичко присуство а 4 со приклучување на онлајн платформата ZOOM и имаа можност преку интерактивните предавања и вежби да се запознаат и да ги надградат стекнатите знаења и вештини за личниот менаџмент, менаџментот со волонтерите особено со алатките и методите за привлекување и задржување на младите волонтери во Црвениот крст.
< врати се назад