февруари 9, 2021

Работилница за проект ,,ХУМАНКО’’

 

Во периодот од 01 декември до 31 јануари се реализираше Работилница за волонтерите на проектот ,,Хуманко’’ од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош за циклусот 2020/2021 година.

Работилницатаа ја спроведе работна група од стручни лица и волонтери со повеќегодишно искуство со цел запознавање со видот на попреченостите, пристапот кон лицата со попреченост, работа и стратегии за работа со лица со попреченост и деца во социјален ризик. Беа опфатени темите за Меѓународното движење на Црвен Крст и Црвена Полумесечина, Начин на реализација на проект Хуманко, Основни информации за специјална едукација и рехабилитација, Препораки и стратегии за работа со лица со попреченост, Подготовка и планирање на активности за едукација и социјализација на лица со попреченост и сл. 

Согласно ситуацијата со пандемијата КОВИД 19 работилницата се реализираше на електронската платформа ZOOM. Беа реализирани 20 тричасовни сесии за 13 волонтери од проектот.

 

< врати се назад