
декември 3, 2020
Работилници за пристапот кон лицата со попреченост
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош континуирано реализира активности за помош и поддршка на лицата со попреченост. Во таа насока се одбележува и 3ти декември – Меѓународниот ден на лицата со хендикеп.
Со цел подигнување на свеста за соодветен пристап кон лицата со попреченост, на ден 03 декември 2020 година беа организирани 3 едукативни online работилници на тема „Пристапот кон лицата со попреченост “. Работилниците беа наменети за 40 тина ученици од ООУ „Аврам Писевски“ – Бардовци.


Работилниците беа спроведени од страна на еден искусен волонтер од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош и истите поминаа во пријатна и конструктивна атмосфета со желба за понатамошни активности на оваа тема.



































