јуни 15, 2022

Работни средби во рамки на ЦКА-ПХВ програмата 2022

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, континуирано секоја година активно се вклучува во реализацијата на програмата „Црвен крст во акција – Промоција на Хумани вредности“ – програма која претставува национална алатка за привлекување на нови млади волонтери во организацијата. Во рамки на оваа програма, избрани младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваат мали проекти за придонес за добробит во заедницата.
Оваа 2022 година, во оваа програма преку ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 20 ученици на македонски јазик и 20 ученици на албански јазик од 5 средни училишта на територијата на општинската организација групирани во 6 помали групи.
 
Во периодот март – мај 2022 година, младинците започнаа со реализацијата на активностите со цел изработка на мали проекти за придонес за добробит во заедницата. Започнати се 6 проекти чија цел е поддршка на деца и млади од социјално-загрозени земејства, деца и млади со попреченост, стари лица – корисници во Дом за стари лица, спроведување на курс по албански јазик за млади и спроведување на масовна еколошка акција. Со цел планирање и организирање на активностите, за потребите на 6те формирани групи реализирани се 35 средби помеѓу групите, нивните дисеминатори и стручната служба.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад