
Реализација на младинскиот проект „Летна едукација 2026“
На иницијатива на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во периодот од јули до септември 2026г. по втор пат се спроведе проектот „Летна едукација 2026“, проект за поддршка во воспитно-образовниот процес кај 7 деца и млади на возраст од 6 до 20 години.
Целта на проектот беше одржување и поттикнување на навиките за учење преку реализирање на едукативни активности за учесниците од целната група на проектот „Хуманко“ кои се вклучени во редовно образование. Дополнително, со овој проект се овозможи редовен волонтерски ангажман за дел од волонтерите од Клубот на млади кои беа расположливи во летниот период.
Активностите се реализираа еднаш неделно во времетраење од 2.5 часа. Реализирани се 120 едукативни часови со активности по предметите македонски јазик и математика, а на секоја средба има и забавна/креативна работилница. Проектот го реализираа 10 волонтери од Клубот на млади кои остварија 309 волонтерски часа.







































