октомври 7, 2025

Реализиран е младинскиот проект „Летна едукација 2025“

👉На иницијатива на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во периодот од јуни до септември 2025г. се спроведе проектот „Летна едукација 2025“, проект за поддршка во воспитно-образовниот процес кај 13 деца и млади на возраст од 6 до 20 години.

👉Целта на проектот беше негување и поттикнување на навиките за учење преку реализирање на едукативни активности за учесниците од целната група на проектот „Хуманко“ кои се вклучени во редовно образование. Дополнително, со овој проект се овозможи редовен волонтерски ангажман за волонтерите од Клубот на млади кои беа расположливи во летниот период.

👉Активностите беа реализирани два пати неделно во времетраење од 2.5 часа на ден. Беа реализирани вкупно 176 едукативни часови со активности по предметите македонски јазик и математика, а на секоја средба имаше и забавна/креативна работилница. Проектот го реализираа 17 волонтери кои остварија вкупно 474 волонтерски часа.

< врати се назад