септември 11, 2023

Реализиран Летниот камп „Сите сме исти“ 4

Клубот на млади на ЦКРСМ – Општинска организација Карпош по четврти пат, успешно го реализираше Летниот камп „СИТЕ СМЕ ИСТИ 4“. Летниот камп се реализираше како дел од активностите на проектот ХУМАНКО, проект чија цел е подобрување на социјализацијата, поддршка во учењето, превентивна едукација и намалување на социјалната ранливост на 45 деца и млади целна група меѓу кои деца и млади со попреченост, со потешкотии во учењето, од еднородителски семејства, од социјално-загрозени семејства и со типичен развој.  Кампот беше реализиран од 10 до 20 август 2023 година во автокампот „Ливадиште“ – Струга на кој учествуваа вкупно 45 лица од кои 25 деца и млади од целната група и 20 волонтери. Учесниците беа сместени во камп населба од 15 шатори. За планирање и организација на летниот камп на волонтерите им беше потребен еден месец, период во кој беа завршени сите потребни подготовки за непречена реализација на кампот. Волонтерите храбро, истрајно, посветено, со многу љубов учествуваа во подготовките и реализацијата.

Кампот СИТЕ СМЕ ИСТИ 4 низ бројки:

-вклучени 25 деца и млади – целна група на проект „Хуманко“

-вклучени 10 волонтери од Клуб на млади и 10 родители-волонтери од Клубот на родители

-за подготовка и реализација на кампот остварени се вкупно 2052 волонтерски часа

-поставена шаторска населба со 15 шатори

-реализирани 15 едукативни активности со целната група

-поддршка од 39 донатори (државни институции, приватни компании и физички лица)

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош изразува особена благодарност до сите донатори и поддржувачи на летниот камп:

ЕСМ АД, Град Скопје, Црвен крст на Република Северна Македонија, Жито Лукс АД – Скопје, Агро Гурмеш – Скопје, Везешари – Тетово, СМД Солутион – Скопје, Монтенегро – Гостивар, Даниво – Кочани, ДС Смитх – Скопје, Галеб АД – Охрид, ЦЕРМАТ – Битола, Пекара Специјал – Скопје, АС-Интернационал – Скопје, Фер Пром – Скопје, Саманта ДОО – Скопје, Ависо – Скопје, Ал макс – Скопје, ЈУС МБ – Скопје, Офис Плус – Скопје, Рудине – Скопје, АВТ Интернационал – Скопје, Виталиа – Скопје, Жито 18 Баумаркет – Скопје, Сарантис – Скопје, Атанасовски – Скопје, Лакталис – Скопје, Гранд – експорт – Скопје, Балкопром – Струга, Флеш студио – Струга, Ресторан Св.Ѓорѓија – Струга, Алма-М – Скопје, Вел-ком Ас – Скопје, Грозд – Струмица, Брод „Галеб“ – Охрид, Алпи Фарм – Скопје, ДИЕМ-ГП, Боми метал пласт – Скопје, Карнем, Мариели кејкс – Битола, Бон – Струга, Леона – Скопје, Титан ЛС – Скопје, АРТ студио – Охрид.

Волонтерите од тимот за имплементација на Летниот камп „Сите сме исти 4“,  можеби многу не го сменија животот некому, но овозможија 25 деца и млади да научат што значи хуманост, еднаквост, прифатеност, поддршка, емпатија. Волонтерите научија и осознаа кои се придобивките кога нешто правиш од љубов и единствена цел ти е нечија насмевка, додека учесниците можеа да видат дека постои и друга страна освен сивото секојдневие, дека постои средина каде сите се прифатени, дека постои средина каде никој не ја врти главата настрана кога  не му се допаѓа другарчето, дека за проблемите се разговара, дека хигиената е најважна, дека со 3 оброци на ден на стомачето му е  убаво, дека секој може да згреши и секој има право да се смее, да се дружи, да се забавува, да пее и да игра.

 

< врати се назад