
ноември 5, 2026
Реализирана 101-та крводарителска акција од караванот „Животот е крв“ на компанијата МАКС БЕТ
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и компанија МАКС БЕТ, реализираа крводарителска акција во локал на компанијата.
Акцијата се одржа на 28.10.2026 година, во периодот од 14 до 18 часот, при што 23 вработени и граѓани даруваа крв.
Крводарителската акција се реализираше во рамки на караванот крводарителски акции на Макс Бет под мотото „Животот е крв“, кои се спроведуваат на територија на Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора.
Дополнително, за време на акцијата, од страна на компанијата беа доделени симболични подароци за крводарителите.






































