
јули 27, 2026
Реализирана крводарителска акција во ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле, на 03.07.2026г. реализираше крводарителска акција за вработените во установата.
На акцијата пристапија 33 лица од кои 15 даруваа крв, давајќи непроценлив придонес во обезбедувањето резерви на крв за пациентите на кои им е најпотребна.
Искрена благодарност до раководството и вработените во Клиниката за поддршката и покажаната хуманост.
Секоја дарувана единица крв претставува надеж и можност да се спасат човечки животи. Дарувај крв – спаси живот!




































