јули 27, 2026

Реализирана летна крводарителска акција во просториите на ЦКРСМ – ОО Карпош

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организција Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 16 јули 2026 година реализираа летна крводарителска акција.

Акцијата се реализираше на иницијатива на волонтерите од Клубот на млади и истите активно се вклучија во подготовката, реализацијата и евалуацијата на крводарителската акција.

Крводарителската акција се реализираше во периодот од 16 до 21 часот и истата ја посетија 65 лица, од кои 38 даруваа крв.

< врати се назад