
ноември 15, 2021
Реализирани 85 крвни единици
Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош на 11 и 12 Ноември 2021 година реализира три крводарителски акции на кои беа обезбедени 85 крвни единици.
Првата акција се спроведе на 11 Ноември 2021 година во Средното училште ,,Орце Николов’’-Скопје, на која крв даруваа 39 ученици од IV-та година.
Останатите две се реализираа на 12 Ноември 2021 година во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина –Скопје на која крв даруваа 21 вработени, а по повод одбележување на 13-ти Ноември и во Дневниот центар за дарување крв во ДХУ “Даре Џамбаз” на која својата хуманост на дело ја поврдија 25 крводарители.




































