февруари 28, 2025

Рекордни 204 крвни единици во Клиничка болница „Аџибадем Систина“

Црвен крст на РСМ-Општинска организција Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 25 и 26 февруари 2025 година реализираа крводарителска акција во Клиничката болница „Аџибадем Систина“-Скопје.

За време на оваа дводневна крводарителска акција вкупно 204 вработени даруваа крв и уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело меѓу кои и повеќе крводарители со над 20 крводарувања.

Првата крводарителска акција во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше организирана во 2010 година и оттогаш во континуитет се одржуваат по неколку крводарителски акции годишно.

< врати се назад